20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски го прослави украинскиот бренд, кој денес вреди 150 милиони евра

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (44) од почетокот на војната во Украина во јавноста се појавува во препознатливата маслинесто-зелена или маскирна униформа, дури и кога се среќава со претставници на други земји или ги посетува.

Пред неколку дена „Форбс“ откри дека Зеленски го носи украинскиот бренд за облека M-TAC, кој вообичаено произведува опрема за лов и туризам, како и разни додатоци за оружје и воена и тактичка облека и обувки. Покрај Зеленски, овој бренд го носи и врховниот командант на украинските вооружени сили, Валериј Залужни, како и стотици илјади војници и цивили во Украина.

Иако руската агресија против Украина уништи многубројни компании и корпорации, главно мали и средни претприемачи, таа беше многу плодна за М-ТАЦ бидејќи неговата продажба се зголеми трипати од февруари до сега. Производството во Киев е проширено, отворена е и фабрика во Лавов, вработени се уште 750 шивачки, кои работат во три смени, а според финансиските прогнози на експертите, неговиот годишен приход би требало да биде околу 150 милиони евра.

Компанијата M-TAC е основана од Александар Карашев од Киев на почетокот на 2000-тите, сето тоа затоа што тој бил голем љубител воена симулација. Во тоа време во Украина не можело да се најде таква опрема, а Карасев одлучил своето хоби да го претвори во бизнис.

Со својата партнерка Наталија Коржењук ја отворил продавницата „Милитарист“ во Киев, каде што продавале увезена ерсофт-опрема, а од 2014 година имаат шест продавници. Карасев дури успеал да набави неколку воени камиони и оклопни транспортери за потребите на своето хоби.

На крајот, тој ѝ ги донирал возилата на армијата кога избувна конфликтот во Донбас, а војниците почнале да пристигнуваат во неговата продавница и да се опремат за војната, а со тоа да го промовираат неговиот бренд.

Поради зголемената продажба, Карасев и Коржењук се здружиле со дизајнерот Денис Головка и развиле бренд на тактичка облека, наречена M-TAC. Брендот стана многу популарен меѓу војниците, а пред војната, која почна во февруари 2022 година, тие имаа седум продавници и работилница и магацин во Киев и 200 вработени, како и производна линија и продавница со магацин во Полска.

Не им било лесно на самиот почеток на инвазијата. Карасев и некои вработени учествуваат во војна и трговијата ја одржувале многу мал број луѓе. Тие се вратиле на работа дури во мај, а во јуни почнале да градат фабрика во Лавов со помош на инвеститорите, коосновачот на украинскиот извозник на земјоделски производи „Орексим“, Јуриј Будник, и директорот на компанијата, Александар Худолеј.

Спонзорирано: