Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Заврши владината седница за Косово, објавени заклучоците и што побара Вучиќ од министрите

Денеска, се одржа седница на владата на Србија, а на неа присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Вучиќ ги информирал членовите на владата за состојбите, предизвиците и за тешкотиите со кои се соочува Србија кога е во прашање Косово, соопшти прес-службата на владата на Србија.

Претседателот Вучиќ од членовите на владата побарал целосна посветеност, трудољубивост и уште поинтензивна и помоќна работа во иднина.

Како што е наведено, договорено е претседателот на Републиката, владата на Србија и на сите органи на извршната власт да работат усогласено и унифицирано.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, во 20 часот, ќе ѝ се обрати на јавноста. Како што соопштија од службата за медиумска соработка на претседателот на Републиката, обраќањето ќе се одржи во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката.

Медиумите во Србија претходно објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово. Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли оти може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа ним, а потоа ја напуштил средбата, јави „Бета“.