Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Украден накит од музеј за Бонапарта во вредност над 100.000 евра

Ноќта меѓу саботата и неделата бил ограбен француски музеј од кој бил украден накитот на Матилда Бонапарта, внуката на Наполеон, вреден околу 110.000 евра.

Музејот посветен на Наполеон се наоѓа во замокот Фонтенбло во близина на Париз, поранешна резиденција на француските династии, која е реновирана.

Според „Фигаро“, крадците при грабежот користеле скала и за скршиле оградата од просторијата во која се чувал накитот.

Грабежот бил откриен околу 5 часот наутро кога се огласил алармот и персоналот видел две лица во бегство.

Украдените парчиња на принцезата Матилда Бонапарта (1820-1904) според првата процена вредат 110.000 евра.

Ерик Вајан, јавен обвинител на Гренобл, рече дека истрагата ѝ е доверена на судската полиција.

Тој изјави дека накитот е сопственост на Фондацијата на Франција.