3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шпанија, украински бегалци експлоатирани во нелегални тутунски фабрики

Шпанската полиција во соработка со Европол разби банда која експлоатирала украински бегалци во три нелегални фабрики за цигари. Уапсени се 27 лица, запленети се тутунски производи во вредност од 37,5 милиони евра, луксузни возила, накит и големи количества кеш.

Нелегални фабрики биле пронајдени во Валенсија, Севиља и Логроњо, а имале машини со напредна технологија. Според податоците на Цивилната гарда вредноста на овие фабрики е околу 3.000.000 евра, а производствениот капацитет е околу 540.000 пакувања тутун дневно.

Полицијата соопшти дека Украинците, кои побегнале од руската инвазија, живееле во монтажни засолништа во фабриките, а работеле долги часови и не излегувале надвор за да не бидат откриени, бидејќи некои илегално влегле во Шпанија.

Во меѓувреме, челниците на организацијата уживаа во луксузниот живот.

За време на рацијата, властите заплениле тутунски производи во вредност од 37,5 милиони евра, луксузни возила, накит и големи количини готовина. Во Севиља беше запленета машината со која организацијата планираше да отвори четврта фабрика, со цел дополнително да се зголеми производството, а со тоа и профитот.

Претресени се повеќе од 20 куќи, индустриски објекти и продавници.

Полицијата соопшти дека бандата развила и големи плантажи со марихуана.

Според Обединетите нации, има речиси осум милиони регистрирани украински бегалци низ Европа кои побегнале од руската инвазија, а повеќе од 160.000 се регистрирани во Шпанија.

Спонзорирано: