13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Напаѓачот кој убил десет лица во Калифорнија извршил самоубиство

Осомничениот вооружен напаѓач кој уби 10 луѓе и рани уште 10 за време на прославата на Лунарната Нова Година во Монтереј парк, Лос Анџелес, околу 12 часа откако беше опколен од полицијата, извршил самоубиство, соопштија властите во Калифорнија.

Вооружениот 72-годишен маж, се обидел повторно да го употреби своето огнено оружје во друг клуб само неколку минути по првото пукање, но властите рекоа дека двајца случајни минувачи му го одзеле оружјето пред да пука и тој побегнал од тоа место, пренесува Ројтерс.

Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, го идентификуваше осомничениот како Хуу Кан Тран, за кој рече дека пукал со огнено оружје во популарен танцов клуб со сениори во паркот Монтереј, 7 милји источно од центарот на Лос Анџелес.

Луна не идентификуваше ниту една од жртвите, но рече дека се убиени пет мажи и пет жени на возраст од 50, 60 и повеќе години.

Од 10-те повредени во оваа престрелка, седум се хоспитализирани, а најмалку едно лице е во критична состојба, наведува британската агенција.

Истрагата се уште не ги утврдила мотивите за ова злосторство, рече Луна.

Спонзорирано: