4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Короната и натаму коси: Четворица починати, од кои најмладиот имаше 40 години – Нови 131 случај на ковид во 17 општини низ земјата во последнава недела

Тестирани се вкупно 2.310 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 24,6% во однос на минатата недела (n=3.065).

Регистриран e 131 нов позитивен случај од 17 градови во државата, за 35,5% помалку во однос на минатата недела (n=203). Процентот на позитивност се движи од 4,3% до 7,9%, просечно 5,9%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=78; 59,5%). Највисока инциденца е регистрирана во Берово (36,7/100.000), Дојран (32,4/100.000) и Демир Капија (26,5/100.000).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи освен во возрасната група од 10-19 години каде во изминатата недела не е регистрирано ниту едно заболено лице, а најголем број на случаи се пријавени во возрасната група над 60 години (n=70; 53,4%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи со најголемо намалување кај возрасната група од 20-29 години (-68,4%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 163 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, со намалување од 33,5% во споредба со минатата недела (n=245).

Во текот на минатата недела пријавени се 37 реинфекции, за 39,3% помалку во однос на претходната недела (n=61).

Во текот на последната недела (16-22.01.2023), пријавени се 4 починати лица од Струмица, Прилеп, Велес и Куманово (40-85 г.) со коморбидитети и починати во болнички услови.