14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јапонскиот премиер: Нашата земја е на работ

Јапонскиот премиер Фумио Кишида вети дека ќе преземе итни чекори за справување со падот на наталитетот во земјата. Во последните години, Јапонија се обиде да ги охрабри своите жители да имаат повеќе деца со ветување парични бонуси и бројни бенефиции, но останува едно од најскапите места во светот за одгледување дете, покажува истражувањето.

Бројот на раѓања минатата година беше рекордно низок, според официјалните бројки и за првпат падна под 800.000 – пресвртница што се случи осум години порано отколку што очекуваше владата. Ова најверојатно ќе го забрза натамошниот пад на бројот на жители во земја каде просечната возраст е 49 години, највисока во светот по Монако.

„Нашата земја е на работ. Прашањето е дали може да ги задржи своите општествени функции“, рече Кишида во политичкиот говор на отворањето на овогодинешната парламентарна седница. „Тоа е сега или никогаш кога станува збор за политиката на раѓање и воспитување деца – тоа е прашање што едноставно не може да чека повеќе“, додаде тој.

Кишида рече дека ќе поднесе планови за двојно зголемување на буџетот за политиките поврзани со децата до јуни и дека во април ќе биде формирана владина агенција за деца и семејства која ќе го надгледува ова прашање.

Јапонија е третата најскапа земја во светот за одгледување дете, според „YuWa Population Research“, зад Кина и Јужна Кореја, земји кои исто така сметаат дека намалувањето на населението дава загрижувачки знаци за глобалната економија. Други земји, исто така, се соочуваат со стареење и намалување на населението, при што Кина минатата недела објави дека нејзиното население ќе опадне во 2022 година за прв пат по 60 години.

Спонзорирано: