10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрватите кои беа притворени во Замбија ќе се бранат од слобода

Осум хрватски државјани, односно четири брачни парови, кои се осомничени за трговија со деца во Замбија, денеска се пуштени од притвор за да се бранат од слобода, потврдија за Хина хрватски дипломатски извори.

Тие се пуштени да се бранат од слобода откако надлежниот суд утврдил дека им е регулиран привремениот престој во Замбија.

Денешното рочиште беше одложено за првата половина на февруари.

Четири брачни парови од Хрватска беа уапсени на почетокот на декември на аеродромот во замбискиот град Ндола, поради сомневање за валидноста на документите за посвојување деца од ДР Конго.

Тие беа обвинети за обид за трговија со луѓе и фалсификување документи, што тие го негираа.

За нивно ослободување беше платена кауција во износ од 20.000 замбиски квачи по лице (околу 1.100 долари).

Спонзорирано: