16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Германија под притисок се очекува одлука за испраќање тенкови во Украина

Продолжува силниот дипломатски притисок врз Берлин да ги врати назад своите тенкови или барем да им дозволи на земјите што ги купиле од Германија повторно да ги извезат. Како производител на тенковите „Леопард“, Берлин има право на вето за нивно натамошно пренесување.

На меѓународниот самит во петокот во американската воена база во Рамштајн, југозападна Германија, Берлин одби да донесе одлука дали на Украина ќе и’ подари тенкови „Леопард 2“, што предизвика растечка фрустрација од Киев и нејзините сојузници.

Во неделата полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, го критикуваше неуспехот на Германија да испорача оружје на Украина.

„Позицијата на Германија е неприфатлива. Помина речиси една година од почетокот на војната. Секој ден умираат невини луѓе. Руските бомби предизвикуваат хаос во украинските градови. Се напаѓаат цивилни цели, се убиваат жени и деца“, предупреди тој.

На крајот тој додаде дека „Украина и Европа ќе ја добијат оваа војна – со или без Германија“.

Германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, и покрај очекувањата изјави дека „се уште не можеме да кажеме кога ќе биде донесена одлуката и каква ќе биде одлуката, кога станува збор за тенкот Леопард“.

Говорејќи во интервју за германската телевизија АРД во неделата, Писториус рече дека Германија нема да донесе избрзана одлука бидејќи владата морала да разгледа многу фактори, вклучително и последиците за безбедноста на германското население.

Андриј Мелник, заменик-министер за надворешни работи на Украина, исто така се осврна на дебатата за тоа дали Германија треба да дозволи извоз на нејзините тенкови за употреба во војната.

Спонзорирано: