11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган ѝ порача на Шведска: Турција нема поддршка за оние кои дозволуваат богохулење

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од Турција за членство во НАТО по протестот одржан во близина на турската амбасада во Стокхолм викендов, каде беше запалена копија од Куранот.

„ Оние кои дозволуваат такво богохулење пред нашата амбасада во Стокхолм повеќе не можат да очекуваат наша поддршка за членство во НАТО“, рече Ердоган.

Турското Министерство за надворешни работи претходно остро го осуди палењето на Куранот, посочувајќи дека станува збор за антиисламски чин, со кој се навредуваат муслиманските вредности под превезот на слободата на изразување, што, според нив, е целосно неприфатливо.

Турското министерство ја повика Шведска да ги казни одговорните и да преземе конкретни чекори против исламофобијата. Во Стокхолм се одржа посебен протест за поддршка на Курдите и против обидот на Шведска да се приклучи на НАТО.

Спонзорирано: