20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
СВЕТ

Поради мала излезност пропадна референдумот за предвремени избори во Словачка

Референдумот во Словачка, на кој од граѓаните се бараше да се изјаснат за измените на уставот што ќе овозможат предвремени избори, пропадна поради мала излезност и неговите резултати не се правно обврзувачки.

На референдумот што се одржа во саботата, 97,5 отсто од гласачите се изјаснија дека се согласуваат со уставните измени, но на гласање излегле само 27,2 отсто од граѓаните со право на глас.

За референдумот да биде валиден, требаше да гласаат повеќе од 50 отсто од гласачите, односно над 2,2 милиони луѓе.

Сегашниот Устав на Словачка не признава можност за предвремени избори.

На владата на премиерот Едуард Хегер и беше изгласана недоверба во декември минатата година и оттогаш сите политички актери бараат излез од кризата во земјата.

Словачката претседателка Зузана Чапутова му даде рок на парламентот до крајот на јануари да најде решение кое ќе овозможи предвремени избори.

Доколку не се најде решение во рокот, Чапутова рече дека ќе избере нов премиер и ќе му даде мандат да формира привремена влада, која ќе ја води Словачка до редовните парламентарни избори во февруари 2024 година.

Спонзорирано: