14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски очекува силни одлуки на состанокот на сојузниците на Киев во Германија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека неговата влада очекува силна поддршка од претставниците на НАТО и другите земји кои денеска се состануваат во Германија за да разговараат за зајакнување на способноста на Украина да им се спротивстави на руските сили со помош на помодерни борбени тенкови.

Тој изјави дека Киев се подготвува за денешната средба во Рамштајн и дека „очекува силен пакет воена помош од САД“.

Состанокот во воздухопловната база Рамштајн во Германија е последен во низата откако Русија ја нападна Украина пред речиси 11 месеци за да се разговара за идните пратки на оружје, особено германските тенкови Леопард 2 што ги користат армиите низ Европа.

Спонзорирано: