8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пропагаторот на Путин: Немавме друг избор, освен да ја нападнеме Украина, со тоа спасивме милиони животи

Пропагаторот на Кремљ, Владимир Соловјов, во својата емисија на руската државна телевизија изјави дека Русија „немала друг избор“, освен да ја нападне Украина и дека „спасила милиони животи“.

Соловјов, наречен гласот на Путин поради неговата поддршка за Кремљ, ова го изјави за време на една епизода од своето шоу „Фул контакт“.

Водителот уште од самиот почеток ја повтори реториката со која Путин ја оправда својата инвазија на Украина. Рускиот претседател во февруари минатата година изјави дека неговата „специјална воена операција“ се обидува да ја „демилитаризира“ и „денацифицира“ Украина. Путин често ја нарекуваше украинската влада и нејзините вооружени сили неонацисти.

Соловјов продолжи со тоа дека ако Русија не извршила инвазија, Украинците би влегле на Крим. „Тие би донеле смрт и уништување! На 24 февруари немавме друг избор. Спасивме милиони животи на нашите сонародници, оние што ни веруваа“, заклучи тој.

Пропагаторот на Кремљ рече дека 50 земји се против Русија и дека ги обединува сатанизмот. „Што и да кажете, колку и да се трудите да најдете убави зборови, оваа бонбона има расипано полнење. Судбината на оваа земја зависи од вас. Ако не победиме, нема да исчезне Русија, туку целиот свет. Кому му е потребен светот ако во него ја нема Русија, заклучи тој.

Соловјов ја заврши својата емисија на државната телевизија велејќи: „Ние се бориме со сатанистите. Ова е света војна и ние мора да победиме“, пренесе „Индекс.хр“.