7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) Митева: Власта да престане со закани кон пратеници и да се соочи со реалноста

„Владата на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ е позната по своето недемократско однесување, по својата подмитливост, притисоци и политички хајки. Методите на закани се употребуваат на секое ниво. Првин кон медиумите, што ги видовме сите на дело пред само неколку дена, а еве деновиве и врз нивните членови, кои не се согласуваат со политиките на раководството предводено од Ковачевски. Јасна е нивната цел, сакаат преку ваквите методи по секоја цена да ги задржат моќта и власта, но и да ја покријат корупцијата, чии лидери се токму тие, СДСМ и ДУИ“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Залудно се трудат да вршат притисок врз кој било пратеник. Тоа е само уште една потврда за недемократските методи со кои се служи власта. Доколку власта е свесна за своите порази, доколку им мисли добро на сите граѓани, тогаш без размислување ќе го распушти Собранието или Ковачевски ќе поднесе оставка на целата Влада затоа што тоа е единствениот разумен и логичен исход на ова што ни се случува. Веќе пет години имаме неодржлива ситуација, имаме Влада без стабилно мнозинство и Влада што, дополнително, нема легитимитет. Оваа Влада нема капацитет да се носи со кризите што самата ги создаде, а најмалку со политичката криза“, рече Митева на денешната прес-конференција.

Таа напомена дека „во Македонија политичката криза се продлабочува, сè тоа е резултат на погубните политики што ги водат, криминалот, корупцијата и на подредената позиција во власта. Порачуваме власта да престане со притисоци и да се соочи со реалноста дека нивниот крај е неизбежен“.

Спонзорирано: