Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСвет

Шарл Мишел: Воведувањето санкции кон Русија станува сè потешко

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека воведувањето нови санкции против Русија станува сè потешко.

„Секоја дебата за санкциите е многу потешка од претходната“, изјави Мишел за новинарите во Киев.

Тој посочи дека, и покрај тешкотиите, ЕУ ќе продолжи да разгледува нови пакет-санкции против Русија, пренесе новинската агенција „Блумберг“.

Мишел изрази уверување дека повеќе земји „ќе се вклучат во спорот на ЕУ со Русија“.

Европскиот функционер, чија улога е да претседава со состаноците на лидерите на ЕУ, ќе разговара со колегите во Брисел за предлозите на Украина за дополнителен притисок врз Русија.

Една од причините за посетата на Мишел на Киев е помошта на ЕУ во подготовката на самитот со Украина, кој е закажан за 3 февруари, пренесува РИА.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во вторник, 17 јануари, изјави дека ЕУ има намера да воведе 10-ти пакет санкции против Москва.