11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Почина рок легендата Дејвид Крозби

Американскиот рок-музичар и ко-основач на групатаThe Byrds и групата „Crosby, Stills and Nash“ со Стивен Стилс и Греам Неш почина на 82-годишна возраст, соопштија членовите на неговото семејство.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот сакан Дејвид Крозби по долго боледување. Иако повеќе не е со нас, неговата хуманост и љубезна душа ќе продолжат да не инспирираат. Многу ќе ни недостига“, се наведува во изјавата на неговата сопруга која побарала да се почитува приватноста на нивното семејство, пренесува Би-би-си.

Роден е во Калифорнија во 1941 година.

Неговиот татко бил кинематографер и оскаровец Флојд Крозби, а неговиот брат бил исто така музичар Итан Крозби.

Кариерата ја започна во 1964 година, кога стана член на групата „Byrds“, која е позната по обработката на хитот на Боб Дилан „Tambourine Man“.

Тој беше познат по свирењето гитара и вокалните хармонии.

Двапати беше примен во американската рокенрол куќа на славните.

Спонзорирано: