12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

„Њујоркер“: Дали книгата на принцот Хари е политички манифест?

Принцот Хари деновиве повторно е на насловните страници во медиумите низ светот, овој пат поради објавувањето на автобиографијата Spare („Резерва“).

Американскиот весник „Њујоркер“ објави статија на Ејми Дејвидсон Соркин, новинарка-уредник, која прави подлабока анализа на кавгата меѓу браќата Хари и Вилијам.

Еден ден пред околу седум години, Вилијам, тогаш познат како војвода од Кембриџ, а сега како принц од Велс, и неговиот помлад брат, Хари, исто така принц и сега војвода од Сасекс, „за малку ќе се скарале“, според мемоарите на Хари.

Ова не било наводниот напад во кој Вилијам го соборил на подот и му го скинал лнчето откако му кажал на својот брат дека неговата сопруга, Меган Маркл, е дрска и токсична и побарал од него да стори нешто во врска со тоа (на пример што: „Вразуми ја?, Остави ја?, Разведи се од неа?“ се прашува Хари).

Таквата караница се случила неколку години подоцна.

Темата на оваа претходна кавга, што е многу чудно, била дека Хари сакал да работи на зачувување на Африка, што би изгледало како многу поразумен план од, да речеме, неговиот поход во стрип-билијард во Лас Вегас. Но, на Вили, како што го нарекува Хари, тоа не му било по волја: „Африка беше негово нешто,“ пишува Хари.

Оваа конкретна физичка расправија се случила во присуство на нивни пијатели од детството. Тој имал околу 31 година во тоа време, а Вилијам 33. Еден од пријателите прашал зошто и двајцата не можат да работат на Африка. „Вили збесна, се сврте кон него, изненаден дека се осмели да даде таков предлог“, открива Хари. „Бидејќи носорозите, слоновите, сето тоа е мое!“ одговорил Вилијам.

Вилијам чувствувал дека може да каже такво нешто бидејќи тој е наследникот – за разлика од Хари Резервниот. (Кога се роди, Хари беше трет во редот за тронот на Обединетото Кралство. Со смртта на кралицата Елизабета Втора и раѓањето на трите деца на Вилијам, под безмилосното владеење на првородството, тој е петти), објаснува авторката на текстот и пренесува цитат од книгата на Хари: „Беше во негова моќ да стави вето на мојата работа, и тој имаше секаква намера да го искористи, дури и да го примени правото на вето.“

Братската борба за Африка е одличен пример за чудниот провокативен квалитет на „Резерва“. Од една страна, кавгата се чини запрепастувачки ситна: како што пријателите на Хари, конзерватори, му велат на Вилијам: „Има место за двајцата во Африка“.

Уште поочигледен факт е тоа што, иако секој човек или принц е веројатно добредојден да пружи помош, Африка е „нешто“ на Африканците.

А сепак оваа расправија вклучува двајца млади луѓе чие семејство некогаш учествувало во поделба на континентот. Кога се роди нивниот татко, во 1948 година, требало да наследи кралство чии колонии и територии вклучуваа она што е денес повеќе од десетина африкански земји, и повеќе земји на други места.

Тоа наследство во голема мера, но не целосно, е исчезнато, што е една од многуте причини поради кои книгата Spare лебди несигурно помеѓу бесмислено и значајно – квалитети кои, заедно, се надоврзуваат на монархиското.

Мемоарите на Хари може да се гледаат како: љубовна приказна; дисфункционално-семејна драма; дневник на жалост; мемоари за војната во Авганистан; привилегирана зловолност; ферман против таблоидниот печат; медитација за разликата помеѓу лов и ловокрадство. Или „најчудната книга некогаш напишана од член на кралско семејство“, како што вели Ребека Мид од „Би-би-си“ во својата рецензија за „Њујоркер“.

Приказна за духови, од Џ.Р. Морингер, кој направи слично вешта работа со мемоарите на Андре Агаси. Но, дали е ова и политички манифест?

„Никој не сака да слуша принц како се залага за постоењето на монархија“, пишува Хари, „како што не сака да слуша како истиот тој принц се залага против монархија.“

Во изјава за „Телеграф“, војводата нагласи дека тој не се обидува да ја урне монархијата туку, напротив, да ги спаси нејзините членови од самите себе.

Претходно неделава и британски „Гардијан“ обjави статија со наслов „Вилијам и Хари се карале чија е Африка, сега нека каже некој дека колонијалниот начин на размислување е мртов“.

A во воведот стои: „Ако принцови што се расправаат за јурисдикција над луѓето и дивите животни на континентот изгледа лудо овде, замислете како изгледа таму“.

Спонзорирано: