3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Милановиќ: Борел не третира како да сме ретардирани

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, по средбата со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, изјави дека високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика, Жозеп Борел, испратил писмо полно со лаги на Хрватска.

Тој зборуваше и за обвинувањата за корупција кои ЕУ ги испраќа до Унгарија.

„Што значат обвинувањата за корупција? Како се докажува тоа? Лепете етикета на целото гласачко тело и одлучувате дека мора да бидат казнети. Ова е уништување на целата ЕУ“, рече Милановиќ.

Тој се осврна и на реакцијата на Борел за можноста, хрватската армија да учествува во мисијата „ЕУФОР“ во Босна и Херцеговина.

„Пред еден месец Борел испрати писмо до Хрватска полно со лаги, во кое не третира како да сме ретардирани. Се извинувам за изразот, како да имаме посебни потреби. Да ни биде невозможно симболично да бидеме присутни во мисијата на „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина. Се трудам да бидам учтив, но во одреден момент треба да кажеш доволно“, изјави Милановиќ.

Спонзорирано: