11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ја претепал поранешната сопруга пред синот, па ѝ се заканил дека ќе ја убие

Полицијата во Нов Белград го уапсила Борис С. под сомнение дека во средата вечерта среде улица ја претепал поранешната сопруга А. С. пред детето, а потоа ѝ се заканил дека ќе ја убие.

Тој денеска ќе биде сослушан во Третото основно јавно обвинителство во Белград за семејно насилство.

Според информациите на српските медиуми, откако ја претепал со рацете и нозете пред очите на синот, несреќната жена паднала на улица. Потоа наводно ја удрил со нога уште неколкупати и ѝ се заканил: „Ќе те убијам“.

Борис потоа влегол во автомобилот и побегнал. Полицијата набргу го уапсила и му ставила полициска мерка притвор.

Несреќната жена била прегледана во Белград, каде што по укажаната помош, била пуштена на домашно лекување.

Спонзорирано: