17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бугарија е подготвена да организира воздушна евакуација на Пендиков и да му обезбеди лекување, вели Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев најостро го осуди, како што рече, систематското кршење на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и влевањето омраза кон нив и повторно ќе го постави ова прашање пред европските лидери и институции.

Шефот на бугарската држава смета дека „искажаните амбиции за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и преземените заложби за реформи и зајакнување на демократските норми во земјата се во спротивност со реалноста во која живеат македонските Бугари во Македонија“.

Причина за неговиот став е синоќешниот напад врз Бугаринот Христијан Пендиков, секретар на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Радев објави дека Бугарија е подготвена да организира воздушна евакуација на Пендиков, кој е повреден и се наоѓа во болница, и да му обезбеди лекување, пренесе „БНР.бг“.

Амбасадорот на Скопје во Софија е повикан во Министерството за надворешни работи за да му предаде протестна нота.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, го осуди инцидентот.

Спонзорирано: