10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Зеленски: Иако не ја започнавме војната, ќе ја завршиме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се обрати на светските лидери собрани на Светскиот економски форум од Киев. Тој повтори дека Украина ќе победи, иако таа не ја започна војната.

„Ќе ја завршиме војната“, рече украинскиот лидер.

Тој додаде дека Украина е силна и одлучна, повторувајќи го своето барање до сојузниците да продолжат да ја снабдуваат неговата војска со воена помош. Тој побара од нив да ја зголемат „брзината на одлучување“ во врска со ваквите испораки на оружје.

„Времето што слободниот свет го користи за размислување, терористичката земја го користи за убивање“, нагласи тој.

Зеленски тврди дека испораката на системот за противвоздушна одбрана ќе им овозможи на украинските сили да се соочат со руски ракетни напади, пишува Sky News.

Зеленски нагласи дека неговата земја инсистира Москва да го „почитува територијалниот интегритет на Украина“.

На прашање дали е загрижен за својата безбедност, тој одговори дека не е.

Се осврна и на хеликоптерската несреќа кај Киев, велејќи дека „нема несреќи во војна“.

„Ова не е несреќа бидејќи е предизвикана од војна, а војната има многу димензии. Во војна нема несреќи“, додаде тој.

Спонзорирано: