16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп: Ги зедов кул папките како сувенир, Гестапо ми подметна доверливи документи

Доналд Трамп се обиде да го минимизира обвинувањето дека чувал доверливи документи дома, тврдејќи дека тие се само празни папки.

Поранешниот американски претседател изјави вчера дека ги зел папките како „кул сувенир“ и ги обвини федералните власти кои „го мразат Трамп“ дека му ги подметнале доверливите документи во неговата куќа, јавуваат американските медиуми.

Трамп се обиде да го намали значењето на скандалот околу стотиците доверливи документи пронајдени во неговиот дом во Мар-а-Лаго, привлекувајќи внимание на неколку празни папки пронајдени од агентите на ФБИ во експлозивна потрага на 8 август 2022 година.

„Тие беа обични, евтини папки со секакви зборови испечатени на нив, но беа кул спомен“, напиша Трамп во објавата на неговата социјална мрежа „ Вистина“.

„ Можеби Гестапо зеде некои од овие празни папки кога извршија рација во Мар-а-Лаго и ги сметал како документи, што не беа“, тврди Трамп, додавајќи: „Можеби марксистичките насилници кои го мразат Трамп подметнале документи во нив“.

Трамп потоа се повика на доверливите документи кои беа пронајдени во куќата на американскиот претседател Џо Бајден.

„Тие постојано велат дека имам „голем број документи“ за да направат доверливите документи на Бајден да изгледаат помалку значајни“, рече тој.

„Не направив ништо лошо како претседател. Џо направи“, објави Трамп.

Спонзорирано: