9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Премиерката на Нов Зеланд се повлекува: Немам веќе сили да ја водам државата

Премиерката на Нов Зеланд Јакинта Ардерн изјави дека нема повторно да се кандидира на парламентарните избори и дека планира да се повлече најдоцна во февруари.

Парламентарните избори ќе се одржат на 14 октомври, додаде премиерката во изјавата што ја пренесе телевизијата.

„Минатото лето се надевав дека ќе можам да се подготвам не само за уште една година, туку и за уште еден мандат – затоа што оваа година тоа е неопходно“, изјави Ардерн. „Не успеав во тоа“, додаде таа. Таа рече дека веќе нема сили да ја води државата.

Таа најави дека најдоцна на 7 февруари ќе поднесе оставка од Лабуристичката партија, со што и завршува мандатот.

Ардерн истакна дека верува оти Новозеландската Лабуристичка партија ќе победи на изборите и додаде дека изборите за нов лидер на Лабуристите ќе се одржат во недела.

Нејзиниот заменик и министер за финансии Грант Робертсон изјави дека нема да се кандидира за претседател на Лабуристичката партија.

Таа треба да остане во парламентот до изборите во октомври.