13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Мишел објави дека е на пат за Киев

Шефот на Европскиот совет, Шарл Мишел, најави дека е „на пат за Киев“ каде ќе разговара за новите мерки за поддршка на Украина со претседателот Володимир Зеленски, кој побара побрза испорака на оружје.

Двајцата лидери ќе разговараат за „конкретни мерки за да се направи Украина посилна“, се вели во пораката на Твитер Шарл Мишел.

Сојузниците на НАТО му ветија на Киев „посилна поддршка со испорака на тешко и помодерно оружје“ за да можат украинските војници да се спротивстават на руските офанзиви.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го повтори својот повик до сојузниците да му испратат борбени тенкови и побара да се зголеми „брзината на донесување одлуки“ во врска со таквите испораки, пренесе Индекс.хр.

Спонзорирано: