11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Масовна гробница пронајдена во Конго

Масовни гробници со 49 тела се откриени во источниот дел на Демократска Република Конго, соопштија денеска Обединетите нации.

Убиствата се припишуваат на етничката милиција CODECO.

Четириесет и две тела, меѓу кои 12 жени и шест деца, се пронајдени закопани во селото Ниамба, во провинцијата Итури. Телата на седум мажи се пронајдени во селото Мбоги, на околу 30 километри источно од главниот град на провинцијата Бунија, објави на Твитер мировната мисија на ОН МОНУСКО.

„МОНУСКО силно ги осудува овие варварски и кукавички убиства што му се припишуваат на CODECO“, се вели во извештајот, додавајќи дека мировниците започнале патрола во областа во текот на викендот откако слушнале за нападите.

CODECO е една од десетиците милиции кои дејствуваат во источно Конго. Нејзините редови главно доаѓаат од етничката земјоделска заедница Ленду, која редовно ги напаѓа сточарите Хема во провинцијата Итури.

Најмалку 195 цивили се убиени и 84 киднапирани во нападите што им се припишуваат на CODECO и на ривалската милиција наречена „Заир“ од почетокот на декември, со што бројот на раселени лица во провинцијата Итури на повеќе од 1,5 милиони, соопшти мисијата на ОН.

Спонзорирано: