10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лукашенко: Неуспешни обиди за задушување на Русија и Белорусија

Пропаднаа обидите за задушување на Белорусија и Русија, земјите сигурно ќе преживеат, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

– Обидoт да не задушат нас – и Русија и Белорусија – всушност не успеа. Сигурно ќе истраеме… Ги одредивме насоките во кои треба да се движиме, за да го зачуваме нашиот суверенитет во сите наши односи – со Русија и Белорусија – рече белорускиот лидер на почетокот на средбата со министерот за надворешни работи од Русија Сергеј Лавров.

Лукашенко истакна дека е добро информиран за годишните резултати во однос на економскиот развој на Русија, посочувајќи дека Белорусија има приближно исти резултати. Тој изрази задоволство од резултатите од трговско-економската соработка меѓу двете земји во последната година и покрај надворешните санкции.

Претседателот на Белорусија истакна дека има некои актуелни прашања за кои треба да разговара со Лавров и да се „консултира за некои работи“.

Спонзорирано: