9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина: Подготвени сме да изградиме поправеден светски поредок со Русија

Кина е подготвена да ја прошири стратешката соработка со Русија за да ја промовира демократизацијата на меѓународните односи и да изгради поправеден и порационален светски поредок, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„Кина во новата година е подготвена да работи со Русија за зајакнување на стратешките врски и продлабочување на практичната соработка со цел да придонесе за унапредување на демократизацијата на меѓународните односи, формирање поправеден и порационален меѓународен поредок и да го олесни изградба на заедница со заедничка иднина за човештвото“, рече Ванг.

Тој нагласи дека „под стратешкото раководство на двете земји, руско-кинеските односи започнаа нов пат на хармоничен соживот и заемно корисна соработка меѓу соседните земји“.

Спонзорирано: