10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност

Актерот Алек Болдвин ќе биде обвинет за убиство од небрежност затоа што пукал во камерманката Халина Хачинс, која беше убиена за време на снимање филм.

Болдвин претходно кажа дека не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми. Тој вежбал сцена за вестерн-филмот „Рѓа“ кога се случи пукањето на ранч во близина на Санта Фе, Ново Мексико во октомври 2021 година.

Хана Гутиерез Рид, задолжена за оружјето за филмот, исто така ќе биде обвинета за убиство од небрежност.

Ни едниот ни другиот не ги коментираа обвинувањата.

Спонзорирано: