12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Хеликоптерот што се урна во Киев снимен неколку минути пред падот

По падот на хеликоптерот во Бровари во регионот на Киев, во кој загинаа најмалку 18 лица, на социјалните мрежи се појави видео од леталото, наводно снимено неколку минути пред падот.

На видеото, чија автентичност не може да се потврди независно, се слуша и гледа како хеликоптер прелетува над шумата во областа Бровари.

18 лица, меѓу кои три деца, загинаа во хеликоптерска несреќа во близина на градинка и станбена зграда. Меѓу загинатите се и украинскиот министер за внатрешни работи и неговиот заменик, кои биле во авионот.

Еден од сведоците на трагедијата изјавил дека хеликоптерот нагло почнал да паѓа. Тој рече дека хеликоптерот направил неколку кругови во воздухот пред да се урне и да се запали.

Според последните податоци на украинските власти, повредени се 29 лица, меѓу кои 15 деца.

„Трагедија во Бровари. Зголемен е бројот на жртви – 18 загинати, меѓу кои три деца. Познато е дека има 29 повредени, од кои 15 деца“, потврди шефот на Киевската регионална воена управа, Алексиј Кулеба.

Спонзорирано: