13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Објавени видеа од местото на хеликоптерската несреќа во Киев, расте бројот на жртви

Најмалку 18 лица, од кои три се деца, загинаа во хеликоптерската несреќа во близина на Киев, каде што животот го загуби и украинскиот министер за внатрешни работи, Денис Монастирски. Во хеликоптерот, според извештаите, биле неговиот заменик Евген Џенин и државниот секретар.

Хеликоптерот се урна во близина на градинка во украинскиот град Бровари.

Гувернерот на Киев извести дека децата во моментот на падот на хеликоптерот биле во градинката.

„Трагедија во Бровари. Зголемен е бројот на жртвите. Во 10.30 часот – 18 мртви, меѓу кои три деца. Познато е дека има 29 повредени, од кои 15 деца. На жртвите им била укажана потребната помош. Сите служби за итни случаи се на лице место“, рече тој.

На социјалните мрежи кружат видеа и фотографии на кои се гледаат делови од хеликоптерот и спасувачката екипа.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат дека зградата гори.

Спонзорирано: