19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гутереш: Не гледам крај на војната во Украина, глобалните предизвици се трупаат

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека не гледа можност набргу да заврши војната во Украина бидејќи има големи разлики меѓу завојуваните страни.

„Оваа војна ќе заврши, но не набргу. Сè доаѓа до својот крај. Сепак, во овој момент не гледам можност за мировни преговори меѓу двете страни. Да бидам јасен, руската инвазија создаде ситуација во која во основа двете страни имаат големо несогласување за минатото и тоа е секогаш тешко да се реши“, рече Гутереш на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

„Две сосема спротивни гледишта за тоа што беше руската империја, кои се денес Украинци, а кои Руси… Јасно е дека, според мене, оваа мешавина ги отежнува нештата да се дојде до решение“, рече тој.

Спонзорирано: