11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европскиот парламент избра нов потпретседател

Пратениците на Европскиот парламент денеска за потпретседател го избраа Марк Ангел, член на левиот центар, член на Социјалистичката работничка партија од Луксембург.

Тој ќе ја замени Ева Каили од Грција, која беше сменета од функцијата минатиот месец, откако беше приведена под обвинение за корупција, перење пари и членство во криминална организација.

Главниот осомничен во скандалот „пари за влијание“ склучил договор со обвинителството, со што се отворила можност да се открие кој друг учествувал во корупција.

Корупциски скандал поврзан со Катар и Мароко ја потресе групата S&D, втора по големина во Европскиот парламент.

Каили беше одговорна за Блискиот Исток, но претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола сака да ангажира потпретседател за борба против корупцијата за да го поправи нарушениот имиџ на парламентот.

Се уште не е познато дали Ангел ќе добие вакво портфолио.

Спонзорирано: