12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белата куќа за доверливите документи во канцеларијата на Бајден: Ќе постапиме со добра волја

Белата куќа синоќа соопшти дека ќе дејствува со добра волја во врска со истрагите на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом за несоодветното чување на доверливите документи во домот и канцеларијата во невладиниот тинк-тенк на претседателот, Џо Бајден.

Советник на претседателот за време на викендот изјави дека уште пет доверливи страници биле пронајдени во домот на претседателот во градот Вилмингтон, во сојузната држава Делавер, и потврдил дека тие веднаш му биле предадени на Министерството за правда.

Соработниците на претседателот претходно пронајдоа нов куп доверливи документи во неговата резиденција и во тинк-тенкот во Вашингтон, каде што имаше канцеларија додека беше потпретседател во администрацијата на Барак Обама.

Јавниот обвинител Мерик Гарланд назначи специјален истражител за случајот.

Портпаролот на Белата куќа, Јан Самс, изјави дека редовното јавно обелоденување детали за случајот во време на истрагата на Министерството за правда претставува ризик за информациите, кои повремено се објавуваат, да бидат нецелосни.

„Разбираме дека постои тензија помеѓу потребата за соработка во тековната истрага на Министерството за правда и легитимните барања за дополнителни информации од јавен карактер, така што се обидуваме да го најдеме балансот“, рече Самс.

Портпаролот откри дека Белата куќа примила неколку писма од Надзорната комисија на Претставничкиот дом за овој случај, ги разгледува и ќе одлучи за нејзиниот одговор во наредниот период.

Министерството за правда одделно го истражува откривањето високочувствителни доверливи документи, кои поранешниот претседател Доналд Трамп ги чувал во одморалиштето на Флорида по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година.

Самс ги критикува републиканците за разните реакции на најавите за Трамп и Бајден.

„Тоа се истите републиканци што не се огласија за начинот на кој Трамп ракувал со доверливите материјали“, рече Семс. „А ако навистина и се јавија, тогаш тие често го бранеа тоа“, додаде тој.

Спонзорирано: