8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Товарен брод од Украина заринка во Босфор

Товарниот брод „МКК 1“, кој пловел од Украина кон Турција, утринава заринка во Босфор и сообраќајот во оваа теснина е запрен, но нема извештаи за штета, соопштија агенти на бродската агенција „Трибека“.

Неколку реморкери беа испратени за да му помогнат на товарниот брод долг 142 метри, со 13.000 тони грашок на него, соопшти Канцеларијата на пристаништата во Истанбул.

Инцидентот се случил во близина на Умурјери помеѓу вториот и третиот мост на Босфорот.

Заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој го следи спроведувањето на договорот спонзориран од ОН за извоз на жито од Украина, во текот на викендот соопшти дека бродот тргнал од украинското црноморско пристаниште Пивденџи за турското медитеранско пристаниште Мерсин.

Договорот склучен меѓу Украина и Русија, со посредство на Турција и ОН во јули, помогна да се транспортираат милиони тони жито и други земјоделски производи од украинските пристаништа.

Тој договор за извоз на жито од пристаништата на Црното Море е од витално значење за спречување на глобалната прехранбена криза продлабочена со војната во Украина, која е еден од најголемите светски извозници на жито и нафта.