5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Седум загинати во експлозија на муниција во Русија во близина на украинската граница

Најмалку седум лица загинаа во експлозија на муниција предизвикана од случајно активирање на рачна граната во регионот Белгород, во близина на украинската граница, јави денеска руската новинска агенција Интерфакс.

Пронајдени се телата на четири лица кои по несреќата беа прогласени за исчезнати, изјави портпаролот на спасувачката служба, пренесува агенцијата. „Така бројот на жртви се зголеми на седум“, додаде изворот.

По експлозијата што се случи во саботата во просториите за воени лица во околината на Белгород, спасувачите, како што пренесуваат медиумите, пријавиле тројца загинати и осум исчезнати.

Интерфакс пишува дека наредникот ненамерно активирал рачна бомба во студентскиот дом, што предизвикало експлозија на муниција и пожар.

Спонзорирано: