13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија најави големи промени во војската

Големи реформи во составот и администрацијата на руските вооружени сили ќе има во следните три години, соопшти руското Министерство за одбрана. Од таму тврдат дека со измените бројот на воениот персонал ќе се зголеми на 1,5 милион.

„Само со зајакнување на клучните структурни компоненти на вооружените сили можно е да се гарантира воената безбедност на државата и да се заштитат новите ентитети и критичните објекти на Руската Федерација“, рече министерот за одбрана, Сергеј Шојгу.

Институтот за проучување на војната претходно објави дека Москва, најверојатно, се подготвува да се обиде да стави крај на „низата оперативни успеси на Украина и да ја врати иницијативата“.

Шојгу денеска ги посети војниците вклучени во војната во Украина. Тој им се заблагодари на војниците што храбро ги извршуваат задачите во зоната на специјални воени операции и им додели државни награди за пожртвуваност и херојство, соопшти Министерството за одбрана.

Се вели дека тој го посетил штабот на баталјонот Восток, кој дејствува во источниот украински регион Донбас. Патувањето на Шојгу следува по минатонеделното поместување во руското воено раководство, во кое началникот на Генералштабот, Валери Герасимов, беше именуван за командант на војната во Украина.

Спонзорирано: