7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Непал: Пронајдени црните кутии од урнатиот авион

Спасувачите денеска открија две црни кутии од непалскиот авион, кој се урна во неделата, при што загинаа најмалку 68 лица, а другите четворица се водат како исчезнати.

Податоците од снимачот на глас во пилотската кабина и рекордерот на податоци за летот може да им помогнат на иследниците да утврдат што го предизвикало падот на авионот „АТР-72“ во близина на градот Покар.

Службеникот на аеродромот во Катманду, Текнат Ситаула, рече дека црните кутии се во добра состојба, „барем однадвор“.

Спонзорирано: