7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Коронавирусот и натаму присутен во Македонија: Повторно има починати и над 200 нови случаи за една седмица

Тестирани се вкупно 3.065 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 48,6% во однос на минатата недела (n=2.063).

Регистрирани сe 203 нови позитивни случаи од 25 градови во државата, за 14,7% помалку во однос на минатата недела (n=238). Процентот на позитивност се движи од 3,1% до 9,4%, просечно 6,5%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=123; 60,6%). Највисока инциденца е регистрирана во Богданци (40,9/100.000), Демир Капија (26,5/100.000) и Пехчево (25,1/100.000). (Табела 2, Картограм 1).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години (n=96; 47,3%).

Се забележува намалување кај возрасните групи од 10-19 (-71,4%), 0-9 (-33,3%), 40-49 (-30,6%), 50-59 години (-14,3%) и на возраст над 60
години (-12,7%), а зголемување кај возрасните групи од 20-29 години (+5,6%) и од 30-39 години (+3,8%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 245 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, со зголемување од 1,2% во споредба со минатата недела (n=242).

Во текот на минатата недела пријавени се 61 реинфекции, за 29,9% помалку во однос на претходната недела (n=87).

Во текот на последната недела (09-15.01.2023), пријавени се 2 починати лица од Скопје (и двата случаи по 87 г.) со коморбидитети и починати во болнички услови.

Спонзорирано: