3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кадиров му се заканува на Западот: Ќе го притиснеме копчето и ќе биде селам алејкум за сите

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров преку видеопорака повторно му се закани на Западот и порача дека Русија никогаш нема да дозволи да губи битки. Тој додаде дека секогаш постои можност да се притисне копчето и да се каже селам алејкум.

Видео од пораките на Кадиров беше споделено на „Твитер“ од Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи.

„Русија е голема и нуклеарна земја. Русија никогаш нема да дозволи да изгуби ниту една битка, можеме да притиснеме копче и тоа ќе биде селам алејкум за сите. Како што вели нашиот претседател, дали навистина ни треба свет без Русија? Зошто да им се дозволи на тие га.ови да живеат, а ние да не можеме да живееме? Нека нè снема сите, ние ќе одиме во рајот, а тие во пеколот“, рече Кадиров со насмевка на лицето.