Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСветТОП ВЕСТИ

Извидувачки авиони на НАТО денеска пристигнуваат во Романија

Во Романија денеска ќе пристигнат извидувачки авиони на НАТО за да го зајакне источниот блок на Алијансата и да помогне во следењето на активностите на руската армија.

Минатата недела НАТО најави распоредување на авиони со системи за предупредување и контрола (AVAKS) во Романија, каде што ќе почнат да летаат исклучиво над територијата на членката на Алијансата.

Авионите испратени во Романија се дел од флотата од 14 извидувачки авиони стационирани во Германија. Како поддршка ќе бидат испратени 180 војници.