3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бројот на загинати по невремето во Калифорнија достигна 20

Во последователните поројни дождови од 26 декември до сега загинаа најмалку 20 луѓе, а десетици илјади се раселени, изјави гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

Обилните дождови што ја зафатија Калифорнија во последните три недели, конечно, стивнаа, дозволувајќи им на евакуираните да се вратат во своите домови, а државата да се фокусира на поправка на оштетените патишта и далноводи.

„Последниот дожд полека се намалува. Треба целосно да престане по полноќ“, изјави метеорологот Дејвид Рот од Националната метеоролошка служба.

Иако катастрофални, дождовите помогнаа да се ублажат последиците од историските суши, со тоа што донесоа половина од просечните годишни врнежи.

Властите сè уште ги повикуваат граѓаните да ја зачуваат водата имајќи предвид дека нарушувањето познато како бури не стигнало до сливот на реката Колорадо, главниот извор на вода во Калифорнија.

Ново невреме може да донесе умерен дожд во вторник и в среда, а остатокот од јануари би требало да биде сув, велат синоптичарите.

Сепак, предупредуваат на можни одрони во кањоните и на ридовите бидејќи земјата е многу влажна по три недели дожд и снег, а некои реки може да се излеат.

Вонредната состојба останува во сила во голем број окрузи во Калифорнија.

Спонзорирано: