17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Романија го заплени имотот на Ендрју Тејт вреден четири милиони долари

Романските власти денеска објавија дека заплениле стока и пари во вредност од 18 милиони романски леи, или речиси четири милиони американски долари, како дел од кривичната истрага за наводна трговија со луѓе што доведе до апсење на личноста на Интернет и поранешен ММА борец Ендрју Тејт.

Романската Национална агенција за управување со запленетите средства соопшти дека запленила 29 предмети од движен имот во текот на неделата, вклучувајќи луксузни возила и часовници, како и пари во различни валути.

Ендрју Тејт, неговиот брат Тристан и две Романки беа уапсени во четвртокот под обвинение за формирање криминален синџир за сексуална експлоатација на шест жени, што тие го негираа.

Спонзорирано: