Бројот на загинати во најтешката авионска несреќа во Непал во последните пет години се искачи на 40, соопшти денеска официјален претставник на непалската воздухопловна агенција, откако претходно воен портпарол објави дека најмалку 16 лица загинале.
Стотици спасувачи продолжуваат да го пребаруваат ридското место на несреќата, каде што се урна авионот на Јети ерлајнс кој полета од главниот град Катманду.
„Спасувачките операции се во тек. Времето беше ведро“, изјави портпаролот на Непалската агенција за цивилно воздухопловство, Јаганат Нирула.
72 में से 40 यात्रियों के शव मिलने की पुष्टि हुई हैं।#Nepal pic.twitter.com/9GVkULZANv
— Salim Hafezi (@SalimHafezi) January 15, 2023
Државната телевизија на Хималаите прикажа црн чад како извира од местото на падот на авионот и спасувачките екипи околу остатоците.
Авионот АТР 72 на Јети ерлајнс на летот од Катманду превезувал 72 лица, меѓу кои две деца и четворица членови на екипажот, изјави портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула.
Au #nepal un avion s’#écrase ce matin avec 72 personne a l’intérieur. C’est un #ATR-72 de la compagnie Yéti Airlines. pic.twitter.com/jkr9BhF9Tx
— Presh (@Presh_Info) January 15, 2023