11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Британија ќе испрати 14 тенкови во Киев, Лондон ги охрабрува сојузниците да ги зголемат испораките на оружје во Украина

Велика Британија во наредните недели ќе испрати во Украина 14 тенкови „Челинџер 2“ и друго тешко оружје, а деновиве ќе започне со обука на украински војници, соопшти кабинетот на премиерот Риши Сунак.

„ На премиерот му е јасно дека долгата и статична војна има корист само за руските цели. Затоа тој и неговите министри ќе разговараат со нашите сојузници од целиот свет за да го зголемат притисокот врз Владимир Путин и да овозможат подобра иднина за Украина“, изјави владиниот портпарол.

Сунак и украинскиот претседател Зеленски вчера разговараа телефонски, кога британскиот премиер вети тенкови на Украина.

Британија ќе и испорача 14 тенкови „Челинџер 2“ на Украина и ќе ги засили дипломатските активности насочени кон охрабрување на сојузниците да ги зголемат испораките на оружје за Киев во следните неколку недели.

Во соопштението на британската Влада се наведува дека сега ќе бидат испратени околу 30 „АС90“, односно големи самоодни пушки, управувани од пет топџии.

Министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли ќе ги посети САД и Канада, додека министерот за одбрана Бен Валас ќе отпатува за Германија и Естонија.

Спонзорирано: