17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британија го повлекува својот амбасадор од Иран

Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека Британија привремено ќе го повлече својот амбасадор од Иран по егзекуцијата на иранскиот безбедносен функционер Алиреза Акбари, кој беше осуден за шпионирање за Лондон.

Клеверли рече дека Лондон ќе разгледа други мерки против Техеран.

„ Важно е да се признае дека нашиот одговор не е нужно поврзан со акциите што ги најавив денеска. Во консултација со колегите во владата ќе одлучам за други можни мерки, но денеска нема да шпекулирам за тоа – изјави Клеверли.

Акбари, кој беше погубен поради шпионирање за Британија, имал двојно државјанство на Британија и Иран.

Спонзорирано: