Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветТОП ВЕСТИ

Бајден прогласи вонредна состојба во Калифорнија – најмалку 19 загинати, невремрто предизвика поплави, лизгање на земјиштето, евакуација

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба во Калифорнија поради снежното невреме.

Најмалку 19 луѓе загинаа во временските неприлики од 26 декември, а снежното невреме предизвика поплави, прекин на електричната енергија, лизгање на земјиштето, затворање на патишта и евакуација.

Бајден нареди федерална помош да ги надополни државните, племенските и локалните напори за закрепнување во областите погодени од силни зимски бури, поплави и лизгање на кал, се вели во соопштението на Белата куќа.

Со овој указ на американскиот претседател, федералните финансиски средства им се достапни на окрузите Мерсед, Сакраменто и Санта Круз, се вели во соопштението.

Силен дожд, ветер и снег и денеска ја погодуваат Калифорнија, зголемувајќи го ризикот од поплави, а во неколку области има прекини на струја.

Се очекува невремето да продолжи до почетокот на следната недела.

Повеќе од 68.000 потрошувачи се без струја. Издадени се предупредувања за поплави за областа северно од заливот Сан Франциско, вклучувајќи ги окрузите Марин, Напа, Сонома и Мендосино.

На југот на државата беше наредена евакуација на населбите покрај реката Сан Лоренцо во окрузите Сан Матео и Санта Круз.