Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветВо тренд...

Сунак: Згрозен сум од егзекуцијата на Алиреза Акбари, тоа е бесчувствителен и кукавички чин

Велика Британија остро ја осуди егзекуцијата во Иран на британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари и го нарече „варварски чин што нема да остане неказнет“.

„Згрозен сум од егзекуцијата на британско-иранскиот државјанин Алиреза Акбари во Иран“, напиша на Твитер британскиот премиер Риши Сунак.

Тој нагласи дека тоа е „безобразен и кукавички чин“ извршен од „варварски режим“ кој, како што рече, „не ги почитува човековите права на сопствениот народ“.

Иран го погуби иранско-британскиот државјанин Алиреза Акбари, кој беше осуден на смрт за шпионажа, објави државната новинска агенција Мизан.