17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Принцот Хари: Во мемоарите не открив сè за врската со брат ми и татко ми, не би ми простиле

Британскиот принц Хари изјави дека во своите мемоари „Spare“ не открил се што се случило меѓу него неговиот брат, принцот Вилијам и неговиот татко кралот Чарлс III, бидејќи тоа никогаш нема да му биде простено и истакна дека има материјал за повеќе една книга.

– Можеше да бидат две книги, така да се каже – рекол Хари во интервју за британски Телеграф и додал дека првиот нацрт на книгата, кој имал околу 800 страници, бил намален на нешто повеќе од 400.

Тој рече дека споделил некои инциденти со неговиот писател во сенка Џ.Р. Моринџер, но дека немал намера тие да бидат објавени.

Принцот Хари објасни дека не може да ја раскаже својата приказна без да открие некои работи за другите членови на кралското семејство.

– Но, има некои работи што се случија, особено меѓу мене и брат ми и донекаде помеѓу мене и татко ми, за кои едноставно не сакам светот да знае. „Затоа што мислам дека никогаш нема да ми простат“, рече принцот Хари.

Во книгата, тој ги опиша долготрајните тензии меѓу него и неговиот брат, кои, како што рече, кулминирале кога принцот Вилијам го соборил на подот во 2019 година за време на расправијата за Меган Маркл.

Портпаролите на кралското семејство не ги коментираа тврдењата изнесени во книгата или во интервјуата што Хари ги даде за време на нејзината промоција.

Спонзорирано: