4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Мирошник: Западот нема намера да инвестира во обновата на Украина

Западните земји не планираат да инвестираат во обновата на Украина, а сите оптимистички изјави на оваа тема се лаги, тврди поранешниот амбасадор на самопрогласената Луганска народна република во Москва, Родион Мирошник.

Беа платени како камикази и решија дека тоа се средства за долг и среќен живот“, изјави денеска Мирошник, кој смета дека „никој не сакал и нема да инвестира во каков било развој на Украина“.

Сега му плаќаат на бомбаш-самоубиец кој дозволил да му биде уништена куќата и ги испраќа сопствените граѓани во смрт“, вели тој.

Ова е уникатна услуга, но нема врска со реставрација на земјата и инвестирање во нејзината иднина“, посочи Мирошник и оцени дека оние што плаќаат за смрт тешко дека ќе очекуваат клиентот да преживее.

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Емина Јапарова, претходно на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека штетите на украинската цивилна и критична инфраструктура надминуваат 127 милијарди долари.

Таа изјави дека реконструкцијата на Украина „ќе биде еден од најголемите инвестициски проекти“, што обезбедува широк спектар на можности за меѓународните партнери да ги користат најдобрите практики во областа на инженерството, градежништвото и трансферот на технологија