13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
СВЕТ

Медведев за јапонскиот премиер по средбата со Бајден: Стана американски вазал, Јапонците се за сожалување

Јапонскиот премиер Фумио Кишида во заедничка изјава со американскиот претседател Џо Бајден им оддаде почит на стотиците илјади жртви од нуклеарното бомбардирање на Хирошима и Нагасаки, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Медведев ја нарече „ужасен срам“ заедничката изјава на Кишида и Бајден дека секоја потенцијална употреба на руското нуклеарно оружје во Украина би била непоправлив непријателски чин против човештвото.

Тој вели дека нема ни да коментира за „паранојата за нуклеарните планови на Русија“.

„ Размислете само за тоа. Шефот на јапонската влада, во својот понижувачки поданички занос, исфрла глупости за Русија, предавајќи го споменот на стотици илјади јапонски граѓани, кои изгореа во нуклеарниот оган на Хирошима и Нагасаки. Кишида не го интересираше тоа што САД се единствената земја што употреби нуклеарно оружје и дека неговата татковина е единствената жртва – напиша Медведев на својот канал „Телеграм“.

Тој изјави дека за тоа јапонскиот премиер треба да го потсети Бајден и да побара покајание што американските власти не го изразија за овој воен чин.

„ Кишида е само сервисен персонал за Американците, а слугите не можат да имаат храброст. Јапонците може само да се сожалуваат. На крајот на краиштата, таков срам може да се измие само со извршување на сепуку веднаш на следната седница на нивната влада, но поимот чест не е својствен за оваа генерација јапонски вазали – рече Медведев.

Сепуку е ритуално самоубиство на припадниците на јапонската класа на воини и благородници, попознати како харакири.

Бајден и Кишида разговараа вчера во Вашингтон, по што издадоа заедничка изјава во која ги споменаа санкциите против Русија и поддршката за Украина и наведоа дека руската потенцијална употреба на нуклеарно оружје во Украина би била неприфатлива.

Спонзорирано: